11.8 C
Skopje
четврток, октомври 16, 2025

Фротирка донираше помагала за Итната медицинска помош во Делчево

Фротирка донираше помагала за Итната медицинска помош во Делчево

Со цел унапредување на условите за работа и подобрување на услугите за граѓаните, компанијата „Фротирка“ донираше помагала за потребите на службата на Итна медицинска помош при Здравствениот дом Делчево.
Со оваа донација значително ќе се олесни транспортот и грижата за тешко подвижни лица, што претставува голема помош за медицинскиот персонал при извршување на нивните секојдневни задачи.

Од Здравствениот дом изразија огромна благодарност до компанијата „Фротирка“, која и во изминатиот период во повеќе наврати имала донации и поддршка за здравството во Делчево.

Овој хуман гест уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општествено одговорните компании и здравствените институции е од особено значење за подобра и побезбедна здравствена заштита на граѓаните.

поврзани објави

         

Последни објави