4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025

Д-р Николчо: „Правдата е бавна, но стигнува – конечно сум ослободен, а сега следуваат тужби против виновниците!“

Д-р Николчо: „Правдата е бавна, но стигнува – конечно сум ослободен, а сега следуваат тужби против виновниците!“

Почитувани следбеници, поддржувачи и јавност,
Како што истакнува Д-р Николчо:
„По тешки четири години, исполнети со неправди, закани, уцени, притисоци, судски и обвинителски лавиринти, 26 рочишта и повторно судење – конечно се докажа дека монтираниот случај за наводен поткуп, создаден со цел политичко оцрнување и влијание врз изборите, нема никаква основа. Осуден сум без вина, но денес конечно сум ослободен од одговорност.“
Тој потенцира дека креаторите на овој случај злоупотребиле лица со посебни дијагнози и ограничени способности, а целта била да се постигнат политички поени по секоја цена.
„Во наредниот период следуваат тужби против неколку непрофесионални лица во МВР, како и против портали што објавуваа невистини и ја нарушија мојата чест и углед. Политичката култура мора да се издигне – оние што се занимаваат со евтини игри немаат место во модерно општество,“ додава Д-р Николчо.

Кон оние што, како што вели, „сега бегаат и не се кандидираат“, упатува порака:
„Храбри сте кога мислите дека можете да победите, но каде е вашата храброст сега? Вие сте обични кукавици што ќе бидат заборавени.“
„Овој случај е срам за МВР, обвинителството и судството од тој период. Тоа е причината зошто довербата во овие институции е на ниско ниво,“ подвлекува тој.

Во своето обраќање, Д-р Николчо завршува со порака до, како што ги нарекува, „професионалните аматери“:
„Имате можност во рок од 10 дена јавно да се извините. Во спротивно, ќе се соочите со тужби и ќе седнете на обвинителна клупа.“

поврзани објави

Последни објави