9.8 C
Skopje
петок, ноември 7, 2025

Ѓорѓиевски: Градот Скопје повеќе нема да го заборава Аеродром!

🫡 Аеродром ќе го одбере најдоброто!

♥️ Каква енергија, каква сила и каква надеж има вечерва во Аеродром!

Млади луѓе, семејства со дечиња, горди граѓани кои ја сакаат својата општина и својот град!

🙏 Ви благодарам што сте тука во огромен број, затоа што вашето присуство е доказ дека доаѓа времето на работа, на ред, на промени и на големи победи!

🗺️ Аеродром е општина полна со живот, со млада енергија и со огромен потенцијал.
Но, со години, додека Аеродром растеше, Градот Скопје како да забораваше.
Проектите доцнеа, сообраќајниот хаос се зголемуваше, а вие бевте оставени сами да се справувате со предизвиците на најбрзорастечката општина.

☝️ Тоа време заврши!

Ви ветувам, Градот Скопје повеќе нема да го заборава Аеродром!

Со Дејан Митески како ваш градоначалник и со мене како градоначалник на Скопје, ќе создадеме силно партнерство.
Градот не може сам да ги реши проблемите, ниту општината.
Затоа ќе работиме заедно, рамо до рамо, со заеднички средства и заеднички тимови, за да го направиме Аеродром најдоброто и најпосакувано место за живеење во Скопје!

🛣️ Прво, го решаваме сообраќајниот хаос и го поврзуваме Аеродром како никогаш досега! Конечно ќе го завршиме булеварот „АСНОМ“ и ќе ве поврземе со Гази Баба преку новиот мост!

🏘️ Ќе го изградиме и булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар, со што отвораме целосно нов коридор кон Гази Баба и кон новиот мега парк Вардариште.

✔️ Предвидуваме реконструкција на улицата Фрањо Клуз, и пробивање на булеварот Борис Кидрич.

🫡 Аеродром нема повеќе да биде сообраќаен остров, туку најповрзаната општина во Скопје!
Второ, го решаваме секојдневниот урбан хаос и воведуваме ред!

🚦Ставаме крај на опасниот сообраќај кај „Тобако 2“ со изградба на модерен двоен кружен тек. Безбедноста на нашите деца кои одат во училиште е на прво место!

🅿️ И конечно, го решаваме хроничниот проблем со паркирањето!

Ќе изградиме монтажни катни гаражи во Ново Лисиче, Јане Сандански и Мичурин!

Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари!

🏞️ Трето, инвестираме во здрава животна средина, за здравјето на нашите семејства!
Ќе го решиме деценискиот еколошки проблем со Усјанскиот канал, со негово целосно затворање и претворање во уредена, зелена пешачка зона со нова урбана опрема.

❗️Ќе го решиме проблемот со Вардариште!

❗️Ви ветувам!

На крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк!
А кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче.

Почнуваме со темелна реформа.

Ќе ги реформираме јавните претпријатија за да бидат ефикасни и во служба на граѓаните.
Нема повеќе изговори за неисчистени улици и преполни контејнери!

Ќе воведеме Нов комунален ред и со Еко-бригади ќе обезбедиме Скопје да биде чист град, онаков каков што сите го посакуваме.

И знаете што е најважно?

За сето ова имаме поддршка!

Владата предводена од премиерот Hristijan Mickoski покажа како се работи за народот.
За првпат по децении, имаме Влада која им помага на општините, која инвестира во патишта, во градинки, во училишта низ цела Македонија.

🤝 Таа соработка меѓу централната и локалната власт е гаранција дека сите овие проекти, кои со години биле само празни ветувања, конечно ќе станат реалност!

Почитувани пријатели, мојата рака е подадена кон сите.

Кон младите, кон пензионерите, кон сите добронамерни луѓе, без разлика на нивната политичка припадност.

Ги повикувам сите урбани, модерни и прогресивни луѓе од Аеродром.

Ајде да се обединиме околу една идеја, идејата за подобро и развиено Скопје!

Нашиот град нема повеќе време за губење.

Резултатот од овие избори е веќе јасен.

Народот сака работа и сака иднина.

Затоа, ве повикувам да не губиме уште две скапоцени недели во политички калкулации.

Ајде да излеземе масовно и да ја завршиме оваа работа уште во првиот круг!

Дајте ни силна и чиста поддршка за да можеме, заедно со Дејан, да почнеме со работа веднаш!

Секој изгубен ден е изгубена можност за нашиот град.

Време е за голема и конечна победа!

За Аеродром!

За Скопје!

🫵 Најдоброто допрва доаѓа!

поврзани објави

Последни објави