-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Народот му застана на пат на криминалецот Заев

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение уште еднаш порачува дека на Зоран Заев и СДСМ на патот им застанал народот, притоа тврдејќи дека претседателот на СДСМ за да не оди во затвор морал да работи како што ќе се побара од него.

Во продолжение целото соопштение:

Народот му застана на пат на криминалецот Заев и мафијата од СДС. Народот ги прочита лагите и не им дозволи да ги ракрчмуваат највисоките државни и национални интереси.

Албанските партии потврдија дека има платформа, а криминалецот Заев има обврска да ја реализира.

Криминалецот Заев е уценет. За да не оди во затвор мора да испорача се што ќе се побара од него. Криминалецот Заев мора да го смени законот за јазици и да го официјализира албанскиот на цела територија, што ќе претставува вовед во редефинирање на Македонија во бинационална држава. Криминалецот Заев мора да ги смени банкнотите, униформите и да ги осуди борците од НОБ за геноцид. Криминалецот Заев мора да отвори дебата за промена на знамето, химната и грбот. Криминалецот Заев мора да ги отпочне процесите на кантонизација и федерализација како вовед во промена на името на државата.

Криминалецот Заев има обврски и кон наркодилерите кои му помагаа за избори.

Народот го гледа сето ова и храбро одлучи да му се спротистави на злосторничкото здружение во раководството на СДС.

Затоа тие со секој изминат ден стануваат се понервозни. Затоа бандитите и насилниците од СДС почнаа да напаѓаат обични граѓани. Сите им се криви затоа што душата си ја продале.

Злосторниците од СДС се исплашени бидејќи на површина излегува нивното предавство и сакаат насилнички да ја замолкнат дебатата за штетните последици од реализирањето на Тиранската Платформа.

СДС е на спротивна страна од народот. СДС гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината.

Граѓаните со право се револтирани. Граѓаните со право се на улиците 40 дена. Тие јасно го кажуваат своето мислење за деструктивната политика која СДС ја води.

Излезот од ваквата ситуација во која криминогениот СДС ја доведе државата е еден. Нови парламентарни избори! Само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се изјаснат околу Тиранската Платформа. Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!

поврзани објави

Последни објави