Почитувани сограѓани,
Денес ја заокружуваме изборната кампања за локалните избори, исполнета со многу искрени средби, пријатни разговори и убави моменти со сите вас. Ви благодариме од срце за поддршката, за пофалбите, но и за секоја искрена забелешка што ја споделивте со мене и со нашиот тим. Вашите зборови и довербата што ни ја давате се најголем поттик да продолжиме да работиме уште повеќе и уште подобро за нашата Македонска Каменица.
Секој ден поминат меѓу вас уште еднаш ни потврди дека Каменица заслужува повеќе. Заслужува континуиран развој, нови проекти, подобри услови за живот и сигурна иднина за младите. Знам дека можеме да постигнеме многу кога сме обединети, затоа што само заедно сме најсилни и само заедно можеме да ја водиме нашата општина напред.
Во недела, на 19 октомври, ве повикувам да го поддржите нашиот актуелен и иден градоначалник Димчо Атанасовски, како и листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од мене, Гоце Стоиловски, со број 9.
Со заокружувањето на бројот 9 го продолжуваме развојот, напредокот и достоинството на Македонска Каменица.
Со благодарност и искрена почит,
Гоце Стоиловски
Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“














