Браќа и сестри, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи сите ние што го делиме оваа парче земја под исто сонце.
Сите ние што некогаш сме биле разочарани, изневерени, изморени од празни ветувања…
И сите вие што сè уште верувате, што не се откажавте, денес ве обединува нешто поважно од сите поделби.
Ова е моментот кога треба да се собереме, не заради партија, не заради лидер, туку заради иднината на Македонија.
Заради нашите деца кои сакаат да растат тука, заради нашите родители кои дадоа живот за оваа земја, заради нашите соништа што уште не сме ги исполниле.
Знам, многумина ќе речат „ништо не се менува“.
Но вистината е, се менува само кога ние ќе се промениме, кога ќе станеме, ќе излеземе и ќе направиме нешто.
Сега, тоа нешто е едноставно, да го заокружиме бројот 9️⃣
Тоа не е само број. Тоа е симбол на надеж, на обединување, на нов почеток.
Да покажеме дека уште има душа во овој народ, дека уште има љубов, разум и вера.
Ова е последниот повик не за поделба, туку за заедништво.
Да ја кренеме главата, да се погледнеме меѓусебно со почит, и да кажеме:
Доста беше страв, доста беше поделби. Време е за заедништво, време е за број 9️⃣
Со срце, со разум и со љубов, за вистинскиот избор.
Излези и гласај за број 9️⃣
За твојот човек, твоето место и твојата иднина!














