Почитувани,
Како шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како долгогодишен политички активист и човек – жена која секогаш била со граѓаните, и во добро и во лошо, чувствувам обврска на последниот ден од изборната кампања лично да ви се обратам и да ви упатам неколку зборови.
Најпрво, сакам да изразам огромна благодарност до целиот тим – од првиот до последниот член. Секој еден од вас даде сè од себе, секојдневно се вклучуваше, помагаше и со срце ја претставуваше нашата најдобра изборна програма. Ви благодарам што го издвојувавте вашето време, дури и она посветено на семејството, за да бидете секој ден на терен – со нашиот кандидат за градоначалник и иден градоначалник на Делчево, Иван Гоцевски, со нашата носителка на листата Д-р Адријана Илиевска Велковски и со сите останати наши кандидати. Уверена сум дека вашиот труд и нивниот личен и професионален ангажман ќе бидат препознаени и наградени од граѓаните.
Искрено им благодарам и на сите сограѓани за поддршката, советите, забелешките и критиките. Ве уверувам – нема да застанамe овде. И понатаму ќе бидеме со вас, на терен, меѓу луѓето, со истата енергија и истата посветеност.
Вашиот глас ќе биде вреднуван и почитуван!
Драги мои сограѓани,
Изборот е јасен! На овие избори имаме две опции – едната е онаа која ја сака, чува и гради Македонија, а другата веќе ја видовме и почувствувавме на своја кожа. Трета опција нема!
Затоа, во недела, излезете масовно и поддржете не! Заокружете го бројот 9 – за вистинскиот избор за Делчево, за вистинскиот избор за нашиот град и за иднината на сите нас, делчевчани!
Победуваме!














