3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Градоначалникот на Скопје: Успешно се справивме со првиот налет на снег, сите екипи се на терен

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, при денешната посета на пунктот на ЈП „Улици и Патишта“, информираше за состојбата на терен, нагласувајќи дека дваесет и четири возила на зимската служба во текот на ноќта и утрово фрлиле околу 165 тони сол на улиците и булеварите кои се под надлежност на Град Скопје.

„Сметам дека успешно се справивме со првиот налет на снег кој дојде во Скопје. Добро е што температурите не паднаа многу ниско, сите булевари се исчистени и проодни. ЈП „Комунална хигиена“ работи со 116 луѓе на чистење снег од тротоарите, ЈП „Паркови и зеленило“ работи со 70 луѓе исто така на чистење на снегот на тротоарите и на некои од патеките во парковите, ЈП „Водовод и канализација“ со 70 луѓе ги расчистува сливниците за од топењето на снегот да бидат исчистени и водата да се прифаќа во нив. ЈП „Градски паркинг“ ги чисти паркинзите и е подготвена да реагира каде ќе биде потребно“, истакна Трајановски.

Трајановски упати апел до сите општини во Градот Скопје да ги исчистат локалните улици кои се под нивна надлежност за да може ЈП „Комунална хигиена“ да го собира сметот.

„Сите ресури се во мобилна состојба. Ќе се работи втора и трета смена. Во координација сме со УХМР, се следи состојбата и соодветно на тоа ќе реагира зимската служба на Град Скопје“, потенцираше Трајановски.

поврзани објави

Последни објави