10.8 C
Skopje
петок, ноември 7, 2025

На која јахта ќе се препороди СДСМ и Венко – во Грција или во Дубаи?

Додека СДСМ ги реди најтешките порази во својата историја, нејзиниот лидер Венко Филипче, наместо одговорност, повторно нуди празни фрази за „препородување“. Но, никој не слушна ниту конкретен план, ниту визија, само тивко смирување порази со насмевка како на одмор.

Венко најавува дека ќе го „препороди“ СДСМ, ама не кажува – дали тоа ќе се случи на некоја јахта во Грција, со старото друштво и коктел во рака, или можеби во Дубаи, каде сонцето е топло, а поразите изгледаат далечни и безболни?

СДСМ денес не е ниту сенка на некогашната партија што го предводеше народот. Со ваков кормилар на чело, партијата не плови кон „препород“, туку кон потонување.

Додека Венко ги брои ветровите на Јадранот, СДСМ ги брои последните денови како сериозна политичка сила. И прашањето повеќе не е дали ќе исчезне, туку кога.

поврзани објави

Последни објави