10.8 C
Skopje
петок, ноември 7, 2025

Ѓорѓиевски: Отпуштени 371 работник од „Комунална хигиена“ кои со години земале плата без да одат на работа

Ѓорѓиевски: Отпуштени 371 работник од „Комунална хигиена“ кои со години земале плата без да одат на работа

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информира дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години земале плата без да се појавуваат на работа.

„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години, а не оделе на работа. Во минатото се правеа драми дека се постапува, но всушност само се заменувале лица. Во овој систем, секој што врши злоупотреби ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека се врши темелна ревизија на јавните претпријатија и дека е утврдено – над 800 вработени навистина ги извршувале своите задачи, додека дел биле фиктивно пријавени.
„На тоа му дојде крај,“ порача градоначалникот.

поврзани објави

Последни објави