Денеска направивме увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз.
Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода-Аеродором – Железничка станица Скопје. Согласно проектот ќе се изврши целосна реконструкција и надградба на постоечката траса.
Jас би сакал само да им честитам на сите коишто се вклучени во овој проект, министерот за транспорт и потпретседател на Влада, директорите на македонски железници, директорот на македонска железница и инфраструктура на сите буквално коишто беа дел од овој проект.
Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира и многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година.








