14.8 C
Skopje
понеделник, ноември 10, 2025

Гоцевски: „Го враќаме сјајот на Спомен-домот во Разловци – симболот на Разловечкото востание“

Гоцевски: „Го враќаме сјајот на Спомен-домот во Разловци – симболот на Разловечкото востание“

СООПШТЕНИЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ИВАН ГОЦЕВСКИ

Го враќаме сјајот на Спомен-домот во с. Разловци кој го чува споменот на Разловечкото востание. Денеска со задоволство ја информирам јавноста дека НУ Национален конзерваторски центар распиша тендер за избор на најповолен економски оператор за непосредна заштита: реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на Спомен-дом „Разловечко востание“ во с. Разловци. Проектот ќе се спроведува во 5 фази и предвидува конзервација и реставрација на кровот, конзервација на внатрешни и надворешни ѕидови, замена на дотраена столарија со столарија од трајни материјали и термопан стакло, конзервација и реставрација на партерот и на потпорните ѕидови со дренажа.

За оваа убава вест денеска разговаравме со директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски со кого заклучивме дека реализацијата на овој капитален проект од културата во Делчево е од огромно значење, како што е и самото значење на Разловечкото востание, како прво организирано вооружено востание во предилинденскиот период против Отоманската империја во Македонија.

Како наследници на храбрите востаници, ние имаме обврска да го чуваме овој значаен објект од културата и да ја раскажуваме неговата приказна на сите посетители на Разловци и на новите генерации.

Не треба да заборавиме дека Спомен-домот „Разловечко востание“ е значајно и уникатно архитектонско дело на архитектот, проф. д-р Ѓорѓи Константиновски кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ.

На директорт Начовски му посакав успешна реализација на овој капитален проект и му порачувам максимално посветено и одговорно да се грижи и да го промовира историското и културното наследство во Делчево.

Изразувам благодарност до Владата, Министерството за култура и Националниот конзерваторски центар кои ги препознаа приоритетите за Разловци и Делчево и за реализацијата на оваа значајна инвестиција во Делчево.

поврзани објави

Последни објави