15.8 C
Skopje
понеделник, ноември 10, 2025

Поука од Весна: Македонија има свој јазик, свој ред и своја гордост!

Покажа достоинство, покажа државнички став!
Министерката Весна денеска направи нешто што одамна требаше да го направи некој – да покаже дека Македонија има свој службен јазик, свој ред и свои институции!

Доста беше од понижувања, од игнорирање на македонскиот јазик и државата! Весна не молчеше, не свитка глава – покажа пркос, достоинство и љубов кон Македонија.

Покажа дека овде, во Македонија, македонскиот јазик се почитува прв!

Да, Касами може да зборува на својот мајчин јазик – никој тоа не го спори. Но, прво македонскиот, па потоа албанскиот! Таков е редот во државата, таков е законскиот протокол, таков е принципот на почитување на земјата во која живееш и од која земаш плата.

Доста со „ќе зборувам како сакам и кога сакам“ – ова не е ничија приватна сцена, ова е држава!
И затоа, браво Министерке! Македонија има потреба од вакви луѓе – со став, со достоинство, со срце и со храброст да кажат „доста е!“

поврзани објави

Последни објави