Млада жена од Кавадарци ноќеска го нападнала своето 6-месечно бебе, кое поради тежината на повредите е пренесено на клиника во Скопје на лекување. Полицијата утрово ја уапси жената.
„Денеска (10.11.2025 година) во 6:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното 6-месечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти полицијата.
Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.








