Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во ОпштинаСарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, порадисомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.
Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор заурбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помладсоработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство нараководител на сектор за планирање и уредување напросторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзоренинженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба наслужбена положба и овластување“ од член 353 одКривичниот законик на РСМ, „Несовесно работење вослужбата“ од член 353–в од Кривичниот законик на РСМ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“од член 280 од Кривичниот законик на РСМ.
Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека закатастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постоидонесен детален урбанистички план, со пречекорување насвоите службени овластувања изготвиле и одобриле изводод план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежноземјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниотинженер извршил технички преглед на објектот и изготвилзавршен извештај со невистинита содржина.
На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи јасвојата службена положба и овластувања, како и несовесновршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниотсубјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарајда се стекне со противправна имотна корист во износ од108.638.840 денари.








