Пјотр Левашов е руски програмер уапсен во Барселона, откако е осомничен за вмешаност во сајбер-нападите за време на претседателската кампања минатата година во САД.
За Левашов имало американска меѓународна потерница, соопштија од руската амбасада во Мадрид, а портпаролот од таму не сакал да открие повеќе детали околу ситуацијата.
Во јануари годинава шпанската полиција уапси уште еден руски програмер под прекарот „Лисов“, за кој САД исто така имаа издадено меѓународна потерница.
Уште минатата година претседателот на Русија, Владимир Путин ги демантираше сите информации околу влијание на изборите на Руси во САД.