Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека е отворен јавниот повик преку кој околу 55.000 студенти можат да добијат по 15.300 денари за купување електронски уред. Тој истакна дека мерката е исполнување на предизборното ветување и дека повикот намерно бил активиран по изборите за да се избегнат „неетички толкувања“.
Студентите може да аплицираат онлајн до 1 јануари 2026 година.








