13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Јорданов доби силна поддршка: Над 2.200 реакции за 2 часа по почетокот на рушењето на „нервното“ одделение

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денеска сподели статус на социјалните мрежи кој за само два часа доби над 2.200 позитивни реакции и бројни коментари со поддршка.

Во објавата, Јорданов порача „Ветено – сторено“, потенцирајќи дека и покрај сомнежите на дел од јавноста, општината не се откажала од плановите за трансформација на просторот.

Со почетокот на рушењето на поранешното одделение познато како „нервно“, започнува и новата фаза во уредувањето и развојот на овој дел од градот. Граѓаните масовно го поздравија овој чекор, оценувајќи го како значајна промена што ќе обезбеди подобра функционалност и поурбан изглед на централното подрачје во Штип.

– Браво градоначалник, број еден си во Македонија!

– Само напредок во град Штип, благодарност до градоначалникот, заслужен втор мандат. Продолжува Штип во се поубаво светло. Градот под Исарот, најубав град во Источна Република Македонија.

– Само напредок со овој градоначалник, добро е што постои. За многу поубави денови и години граѓаните во град Штип.

– Овој момент го чекаа 90% од Штип. Преродба за населбата и градот.

Ова се само дел од коментарите под објавата.

поврзани објави

Последни објави