3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, не смеат да ги кочат реформите во здравството

Либерално Демократската Партија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе се во опозиција не смеат да ги кочат реформите кои доаѓаат за здравството.

Во продолжение целото соопштение на ЛДП:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани.

Секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пацентите. Иако во некои случаи причината е немање на средства, во други – неточни предвидувања на потребите, сепак најчестата причина е доцнењето на тендерите за јавни набавки, поради долготрајните и нестручни подготовки на набавките.

Аргумент плус за тоа е што тие редовно се враќаат на доработка во таканаречната „стручна комисија“ во Бирото за јавни набавки и тоа заради несуштествени и небулозни грешки.

За жал, сведоци сме на анекси на договори во многу сфери и за многу состојби во општеството, каде не се работи за итност и не се работи за човечки живот, но овде иако се работи за жива материја, тоа не се дозволува.

Згора на сѐ, поради досегашните пресметки на власта во заминување со неистомислениците, лекарите и здравствените работници молчат за ваквите состојби, исплашени да не бидат отпуштени од работа или да не завршат со добро познатите местенки на суд.

Молчат и директорите на болниците, како најверни послушници на партијата. Резултат на целокупната состојба, руинираното македонско здравство е на самото дно.

На штета на пациентите се употребуваат лекови кои се на располагање, а не најдобрите и најсоодветните за дадената болест, операциите често се одложуваат, а лабораториите не издаваат целосни резултати.

Здравството мора да се врати на вистинскиот колосек. Еднаква можност за справување со болестите мора да имаат сите граѓаните на Република Македонија, а не само оние кои можат да си дозволат лекување во приватните клиники.

Новата влада, во која ќе биде и ЛДП, час поскоро ќе започне со темелни и суштински реформи во здравството, по европски терк

поврзани објави

Последни објави