17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Средба на градоначалникот на Скопје со амбасадорката на САД Агелер

🇺🇸 Срдечна и конструктивна средба со амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела П. Агелер

🤝 Денес, со особено задоволство бев домаќин на делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, предводена од амбасадорката Н.Е. Анџела П. Агелер.
Во делегацијата учествуваа и Дејвид Маерс, шеф на Политичко-економскиот оддел, како и Розита Мреношки, помошник за политичко-економски прашања.

❗️Ова е прва посета во градот Скопје на амбасадорката Агелер откако е на својата должност.
📚 Ја информирав за изборната програма, за динамиката на нејзина реализација и тековните проекти кои Град Скопје ги спроведува.
Разговаравме отворено за предизвиците, визиите и стратешките приоритети за развој на градот во следните години.

✔️ Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа.
Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество.

🇺🇸 САД се наш докажан и долгогодишен стратешки партнер.

🇲🇰 Поддршката што ја добиваме од Соединетите Држави во развојот на институциите, демократијата и економијата е од огромно значење за нашиот напредок.

Уверен сум дека ова партнерство ќе се продлабочува и ќе продолжи да создава нови можности за жителите на Скопје.

🫡 Продолжуваме заеднички да градиме силни врски, стабилност и перспективи, за Скопје што расте, се развива и го заслужува најдоброто.

поврзани објави

Последни објави