17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Андоновски: Филипче во 2018 гласал за прифатен центар за мигранти во Бардовци – утре следат нови докази

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука за планирање на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци. Обвинувањата ги изнесе во подкастот „Претрес кај Ландов“, најавувајќи дека утре ќе бидат објавени дополнителни детали.
Според Андоновски, во „Службен весник“ од 23 јануари 2018 година е објавена владина одлука за планирање на прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, со предвидена локација во Бардовци.

Тој потсети дека по донесувањето на оваа одлука следеле протести на локалното население во делот меѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде жителите јавно се спротивставиле на изградбата на ваквиот објект.
„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воопшто преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот мигрантски бран и ја бранеше Европа од Европа“, изјави Андоновски.
Тој оцени дека е „скандалозно“ тоа што, како што тврди, човекот кој деновиве држи прес-конференции на тема мигранти, во 2018 година гласал за изградба на ваков прифатен центар.
Андоновски најави дека утре ќе бидат јавно објавени дополнителни информации и документи за оваа одлука, кои, според него, целосно го демантираат наративот на СДСМ за наводни договори поврзани со мигранти.

поврзани објави

Последни објави