Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа утрово загуби во третото квалификациско коло на ВТА турнирот во Биел Биене во Швајцарија што се игра за награден фонд од 250.000 долари.
Таа загуби во два сета 6:3 и 6:2 во гемови од првата носителка во квалификациите Александра Саснович од Белорусија (108. место на ВТА листа). Ѓорческа за настапот во трите квалификациски меча ќе добие 14 поени.
Нашата тенисерка не го заврши настапот на овој турнир бидејќи во конкуренција на двојки заедно со Анастасија Комардина од Русија ќе играат во конкуреница на двојки.
Нивни противнички им се носителките број 4, Елисе Мертенс (Белгија) и Хетер Вотсон (Велика Британија).