5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Полицијата поднесе кривични: Сопругот платил во кеш, да не се дознае за швалерските слики на неговата жена

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б (46) поради сомнение за сторено кривично дело уцена, како и против Ј.Д (55) и А.Д. (35) поради постоење сомнение за сторено кривично дело помагање.

Б.Б. кој бил на издржување казна затвор во КПУ затвор Штип, на својот мобилен телефон имал фотографии од 40-годишна тетовчанка со комппромитирачка содржина, која самата му ги испратила на „Вибер“.

Заедно во помош А.Д. и Ј.Д., В.В. најпрво ја уценувал тетовчанката барајќи и 3.000 евра, но таа заминала во Германија, по што уценет бил и нејзиниот сопруг, кој во три наврати им исплаќал одредена сум на пари, за да не ги објават фотографиите.

Сопртугот најпрво на уценувачите им платил 250 евра, додека подоцна на два пати им праќај по 10.000 денари на жиро-сметка на помагачите во уцената.

поврзани објави

Последни објави