Германската полиција соопшти дека пронашла 384 килограми кокаин во кутии со банани испратени од Еквадор. Продавач од компанијата за продавање на големо во Леверкузен ја известил полицијата во саботата дека се сомнева на дрога.
Полицијата пронашла сомнителни супстанци во 26 кутии со банани, а примероците укажуваат на тоа дека станува збор за кокаин. Кутиите со банани се испратени од Еквадор до Хамбург и од таму пренесени со камион до Леверкузен.
Полицијата пронашла и ГПС предавател во една од кутиите и веруваат дека нарко картелите планирале така да дојдат до локацијата на дрогата во голем склад.