24.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Собранието го изгласа Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието на денешната 94. седница со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани.

Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една дамка во кариерата.

„На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем“, истакна Николоски.
Ненад Савески доаѓа на оваа позиција од Основниот кривичен суд Скопје, каде работеше во одделот за организиран криминал. Неговата биографија вклучува богато искуство како јавен обвинител, стручен соработник и експерт во меѓународни организации како ОБСЕ, Советот на Европа и УСАИД. Савески е магистер по казнено право и предавач во Академијата за судии и јавни обвинители.

поврзани објави

Последни објави