Се прошируваат капацитетите на детската градинка!
✍️ Денес, во просториите на Министерството за социјална политика, демографија и млади потпишавме Договор за грант за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000 денари.
👉Активноста е дел од втората компонента на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој е насочен кон проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст.

