Овие денови започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на дел од улица „Пере Тошев“ и дел од улица „Вера Ацева“ во Виница, откако претходно извршивме експропријација на дел од трасата.
Финансиските средства во износ од 1,5 милиони денари за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.


