10.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Пендаровски: СДСМ е на раскрсница – без промени се заканува маргинализација

Поранешниот претседател Стево Пендаровски испрати сериозна порака до раководството на СДСМ, предупредувајќи дека партијата се наоѓа на клучен политички раскрсник и дека без суштински реформи може да се соочи со дополнителен пад на поддршката, па дури и со маргинализација на политичката сцена.

Во својата изјава, Пендаровски посочува дека актуелната политичка состојба носи одреден парадокс – и покрај тоа што владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ бележи намалување на традиционалната поддршка, СДСМ не успева да го искористи тој момент и да го привлече опозиционото расположение кај граѓаните.
„Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело“, истакнува Пендаровски.
Тој нагласува дека проблемот не лежи само во комуникацијата, туку во самата суштина на политичкото делување – стратегијата, кадровските решенија и начинот на кој партијата се позиционира пред јавноста.
Пендаровски дополнително предупредува дека доколку продолжи сегашниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош изборен резултат.

„Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка“, вели тој.

Овие оценки претставуваат силен сигнал од поранешен шеф на државата и долгогодишен функционер кој произлегува од редовите на СДСМ, што дополнително ја нагласува тежината на пораката – дека потребата од промени е препознаена и одвнатре.
l
Пендаровски: СДСМ е на раскрсница – без промени се заканува маргинализација

поврзани објави

Последни објави