Проектот Комунална механизација/опрема за подобри услуги кој Општина Виница го аплицираше до Министерството за Локална самоуправа по програмата за намалување на диспаритетите е одобрен од страна министерството.
Висината на сумата која Општина Виница ќе ја добие за овој проект е 4.000.000 денари, а општината ќе кофинансира со остатокот од средства по склучување на договор.
Проектот опфаќа набавка на трактор со кабина и предни полуги и современа приклучна механизација, предна даска за чистење на снег, тракторска приколка со дупли канати, мултифункционална хидраулична рака и тракторски ножици за кастрење на гранки и хоризонтално и вертикално уредување на вегетацијата покрај патните правци и јавните површини.
Целта на проектот е навремено и ефикасно да се извршуваат сите потребни операции за летно и зимско одржување на улиците и патиштата, како и примена во останати комунални активности.

