Ковачки со честитка до сите припадници на МВР: Ви благодарам за пожртвуваноста, професионалноста и грижата за граѓаните 🇲🇰
Честитки до сите полицајци и сите припадници на МВР кои секојдневно се грижат за безбедноста и мирот на граѓаните.
Ви посакувам да бидете чесни, дисциплинирани и достоинствени во извршувањето на вашата должност, секогаш ставајќи ги интересите на граѓаните на прво место.
Професионалноста, човечноста и борбата за правда да бидат ваш водич во секој предизвик.
Почит за сите кои чесно ја носат униформата и им служат на граѓаните и на татковината.


