20.6 C
Skopje
четврток, јуни 11, 2026

ЗА СДСМ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ПОЛИТИЧКИ МАРКЕТНГ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДС македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешните ставови на Костадиновска-Стојчевска од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт.

Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДС. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање.

СТАРТУВА ПРАВОТО ЗА ОБУКА ЗА МОТОЦИКЛ до 125 см³ со „Б“ категорија, во автошколите кои имаат лиценци „А1“
СТАРТУВА ПРАВОТО ЗА ОБУКА ЗА МОТОЦИКЛ до 125 см³ со „Б“ категорија, во автошколите кои имаат лиценци „А1“
ПОВТОРНО АКТИВЕН ПОЖАРОТ над штипската населба Кадидаре
ПОВТОРНО АКТИВЕН ПОЖАРОТ над штипската населба Кадидаре
Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни.

Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања.

Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие.

поврзани објави

Последни објави