29.1 C
Skopje
четврток, јуни 11, 2026

Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти и да ги штитиме националните интереси

Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да потпише, да прифати се. Тоа е вистината. Македонските граѓани мора да знаат дека не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Тоа е само почеток, ја отвораме Пандорината кутија. Следи акцискиот план, работата на историската комисија, протоколот 2, таму има 15-тина нови барања, рече Мицкоски.

Посочи дека тоа го прифатила претходната Влада.

Тоа, посочи Мицкоски, се барања кои ние ги видовме уште во 2022 година и затоа рековме дека сме против.

-Само што, чекавме четири години, и да бидам попрецизен, три години, за тие барања да ги слушне цела Европа, светот, но и оние граѓани коишто, за жал, беа жртви на манипулативната политика на поединци. Ова не се нови барања, ова се истите барања. Да бидам попрецизен, работата на историската комисија не е формална, таа е суштинска. За нив, работата на историската комисија е суштинска. Немаме исто гледање на идентитетските прашања. За нас, Гоце Делчев е идентитетот македонски, за нив не е, за нив е дел од бугарскиот идентитет. За нас, Илинденското востание е дел од македонскиот идентитет, за нив не е. Тоа е Преображенско востание. Тоа се суштински прашања коишто, за жал, се присутни уште од 2022 година. Не се нови барања, изјави Мицкоски.

Потенцира дека сè уште е оптимист кога станува збор за разговорот кој го имаше со канцеларот Мерц и со францускиот претседател Макрон, затоа што, нагласи, тоа што е разговаравме на тој состанок е сосема различно од тоа што е разговарано на вчерашниот состанок во Софија.

-Ние мора да бидеме оптимисти и да работиме, истовремено да ги штитиме македонските национални интереси, да не влегуваме во авантура, да не бидеме очајници и давеници, како што тоа го правеше претходната влада, којашто, за жал, е последниот браник на она што беше прифатено во 2022 година, кои се единствените лојални позиции на актуелната политика на нашиот источен сосед внатре во Македонија. Но, за брзо време, веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, коишто нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси, наведе премиерот Христија Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави