5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Екстремисти од ИСИЛ стојат зад нападот врз автобусот на Борусија Дортмунд

По нападот на автобусот на Борусија Дортмунд германската полиција е на нозе и темелно ја спроведува истрагата за нападот, а последните информации говорат дека зад овој напад стои Исламска држава (ИД).

Полициските сили на синоќешната прес-конференција обелоденија дека во близина на автобусот е пронајдено писмо кое најверојатно е оставено од напаѓачите, за кое медиумите утрово открија нови детали.

„Постои сериозен сомнеж дека нападот е организиран од ИСИЛ. Писмото што е пронајдено почнува со зборовите „Во името на Алах“, а во проолжение се наведува дека отсега и спортистите и останатите јавни личности во Германија исто така се наоѓаат на смртната листа на Исламска држава“, објави угледниот портал „sz-online.de“.

Лицата што ја водат истрагата засега не излегуваат со официјални соопштенија, а за денеска во 14 часот е закажана нова прес-конференција по која ќе бидат познати повеќе детали околу вчерашните случувања.

поврзани објави

Последни објави