26.8 C
Skopje
среда, август 19, 2026

СКАНДАЛ ВО ГЕВГЕЛИСКА БАНКА – Вработен осомничен дека украл речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката – посочуваат од МВР.

поврзани објави

Последни објави