„ЖИВИ ГОРЕА 14 ЛУЃЕ!“ – МИЦКОСКИ ЖЕСТОКО УДРИ ПО ОБВИНИТЕЛОТ: „ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ ГО ЗАТВОРААТ ПРЕДМЕТОТ“
Пет години поминаа од страшната трагедија во Тетово, а наместо целосна одговорност и одговори за смртта на 14 луѓе – предметот се затвора.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска жестоко ја критикуваше одлуката на Обвинителството, посочувајќи дека станува збор за случај во кој човечки животи беа изгубени во една од најстрашните трагедии во поновата историја.

„Во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам: живи гореа 14 луѓе“, порача Мицкоски.
Тој остро го нападна обвинителот кој е при крајот на мандатот, доведувајќи ја одлуката за затворање на предметот во врска со неговите односи со претходната владејачка гарнитура.
Пет години истраги, информации, прашања и очекување на јавноста – а сега предметот се затвора.
За Мицкоски, ова не е обичен предмет во фиока. Зад него стојат 14 човечки животи, 14 семејства и трагедија која не смее да биде избришана со една обвинителска одлука.
Прашањето што останува е едноставно и болно: Кој ќе одговара за 14-те изгубени животи?
Јавноста има право да знае. Семејствата имаат право на вистина. А институциите имаат обврска да ја утврдат одговорноста.




