Денеска присуствував на официјалната промоција на проектот „Градски воз“.




Денес сведочиме на реализација на уште еден значаен проект кој претставува чекор напред за подобар, побрз и поефикасен транспортен систем. Сакам да им честитам и да им се заблагодарам на сите кои вложија време, знаење и енергија овој проект да стане реалност на Министерството за транспорт, Македонска железница, инфраструктура и транспорт, институциите, локалните власти и сите поединци кои беа дел од неговата реализација.
Ова е пример дека со посветена работа и одговорен пристап можеме да реализираме проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Не ги решаваме сите предизвици преку еден проект, но секој ваков чекор значи подобар јавен превоз, намалување на сообраќајниот притисок и придонес кон почиста животна средина. Продолжуваме со реализација на проектите за кои ја добивме довербата од граѓаните, бидејќи токму преку видливите резултати се гради довербата и се менува перцепцијата за државата.




