Инвестиција од половина милијарда долари: „Алказар“ со нови енергетски капацитети во Македонија


Македонија добива значајна инвестиција во енергетскиот сектор вредна околу половина милијарда долари, која треба да придонесе за развој на нови капацитети од обновливи извори на енергија и дополнително јакнење на домашната економија.
Инвестицијата на „Алказар“ се оценува како важен чекор во насока на зголемување на производството на чиста енергија, отворање нови работни места и создавање дополнителни економски можности.
Од Владата посочуваат дека реализацијата на вакви големи инвестициски проекти е потврда дека Македонија може да создаде конкурентни услови за домашните и странските инвеститори.

„Кога институциите и инвеститорите работат партнерски, резултатите се видливи, а Македонија има потенцијал да стане енергетски центар во регионот“, е пораката по повод инвестицијата.
Најавено е продолжување на поддршката за инвестиции и проекти кои носат економски раст, нови работни места, развој на енергетскиот сектор и долгорочни придобивки за граѓаните и државата.




