Претседателот на Русија, Владимир Путин за домашните медиуми ги коментираше руско-американските односите и довербата помеѓу двете држави.
По нападот со хемиското оружје во Сирија, САД изврши напад врз Сирија, што не им се допадна на Турција и Ердоган односно Русија и Путин.
„Довербата на работно, особено на милитарно ниво за жал не е подобрена, веројатно таа е влошена“, порача Путин за време на интервју, непосредно пред средбата помеѓу рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Москва.