Општина Центар на денешната прес-конференција за медиуми ја престави мобилната апликација за паркинг и услуги, која е достапна за „iOS“ и „Android“ платформите.
„Само со неколку кликнувања во самата апликација ќе може да се види целата состојба, за се што е поврзано со овластената карта на граѓаните. Оваа мобилна апликација ќе им ги овозможи на граѓаните апликација со која ќе им се овозможи полесно користењето на нашите услуги“, изјави директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ.
Апликацијата може да се симне преку Google play или App store, без разлика кој оперативен систем користите.