Едно лице е уапсено во Дортмунд и се сомничи дека е поврзан со синоќешниот инцидент кој се случи во овој град, непосредно пред почетоко на дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и Монако.
Во три експлозии кои се случија, со скршени стакла на автобусот помина автобусот на „милионерите“, додека дел од скршеното стакло завршило во раката на Марк Бартра, врз кого е направена и операција, по што фудбалерот се наоѓа во добра здравстван состојба.
„Имаме двајца осомничени, од кои едниот веќе е уапсен. Пронајдовме неколку писма во кои се објаснуваат целите за нападот. Потврдено е дека позадината на нападот е терористичка, но многу повеќе ќе знаеме за краток период“, истакна Фрауке Келер, портпаролка на обвинителството во Германија.