8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Пет години од масакрот кај Смилковско езеро, вистината и натаму непозната

За петкратното убиство доживотна казна затвор им е изречена на 6 лица. Двајцата првообвинети се наоѓаат во Косово и нашите органи на прогонот се уште чекаат нивна екстрадиција.

Денеска се навршуваат 5 години од крвавиот масакр што на ден Велики Четврток се случи на Смиљковско езеро во околината на Скопје, кога беа убиени 4 момчиња на возраст од 18 до 21 година и еден жител на скопското село Црешово додека ловеа риба.

За петкратното убиство доживотна казна затвор им е изречена на 6 лица. Двајцата првообвинети се наоѓаат во Косово и нашите органи на прогонот се уште чекаат нивна екстрадиција. Во текот на судската постапка, еден од сега осудените раскажа детали за кобниот 12 август, но подоцна се откажа да биде загрозен сведок и го повлече исказот.

Пресудата за Монструм“ се уште не е конечна одбраната поднесе жалба до Врховен суд, од каде информираат дека јавна седница за случајот ќе биде закажана во првата половина од месец мај. Инаку во Тиранската платформа, постои дел и за овој случај каде се бара меѓународна арбитража или анкетна комисија да го расчисти овој случај.

поврзани објави

Последни објави