11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

КОНЕЧНО: Берлускони го продаде Милан

Компаниите „Финивест“ и „Росонери Спорт Инвестмент Лукс“, со заедничко соопштение ја објавија дека купопродажбата на фудбалскиот клуб Милан. „Росонери Спорт Инвестмент Лукс“ купи 93,93 отсто од акциите кои беа во сопственост на „Финивест“.

Силвио Берлускони и кинеската компанија, во август минатата година ја договорија продажбата на славниот клуб, а на крајот на минатата година двете страни одлучија купопродажбата да се случи во првата половина на 2017 година.

Берлускони го продаде Милан за 740 милиони евра и побара од инвеститорите во наредните три години во засилувања да вложат 350 милиони евра.

Силвио Берлускони три децении беше сосптвеник на Милан, клуб кој во витрините има 18 титули од Серија А и седум од Лигата на шампионите.

поврзани објави

Последни објави