7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

ФОТО: Без грам мозок – со палка удира мало девојче и жена

Синоќешните инциденти во Лион наводно имале политичка содржина, пишуваат дел од турските медиуми. Навивачите на Бешикташ кои преку 20.000 од цела Европа се собраа во Лион, сакале преку инцидент да покажат револт поради референдумот во недела во Турција, на кој поголеми овластувања ќе добие претседателот Реџип Таип Ердоган.

Нормално сето тоа не е оправдување за начинот на кој навивачите на Бешикташ тргнаа на трибините и се пресметуваа со обичните гледачи, каде имаше жени и мали деца.

За сето тоа доволно говори и фотографијата, на која се гледа како навивач на Бешикташ со палка удира кон мало девојче и веројатно нејзината мајка.

Екстремно левата навивачка група „Çarsi“ во 2008. година целосно се распушти, но пет години подоцна се вратија на сцената и започнаа протести кои траеја неколку месеци во Турција. Со нередите во Франција, тие сакале да му наштетат на Ердоган.

поврзани објави

Последни објави