11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Повик за обуки за пчеларство во Источниот плански регион

Програмата за зачувување на природата во Македонија организира обука за млади невработени лица кои во иднина би сакале да се занимаваат со пчеларство. За таа цел објавен е повик за кандидати кои сакаат да земат учество во обуките, а се однесуваат на невработени лица до 35-годишна возраст. Обуките можат да ги посетуваат и припаднички од женскиот пол и за нив не е определена старосна граница. Кандидатите треба да имаат постојано место на живеење во Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево и Штип.

Како што информира Јасминка Пашалиска- Андонова, координатор на проектот, со оваа активност Програмата за зачувување на природата во Македонија сака да го помогне економскиот развој на регионот, како и да ги потенцира можностите и придобивките на жителите од Источниот плански регион (ИПР) од одржливото управување со природните ресурси.

Повикот е отворен до 26 април, а обуката ќе се организира во периодот од мај до септември 2017, во определени работни денови, а програмата за обуката предвидува теоретски предавања и практична обука кои ќе бидат распределени во 10 модули. Обуката ќе се реализира на пчеларник кој се наоѓа во близина на вештачкото езеро Гратче во Кочани.

поврзани објави

Последни објави