8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Сноуден: Тунелите во Авганистан се бомбардирани по налог на ЦИА

Едвард Сноуден, поранешен припадник на американската НСА, на Твитер напиша дека тунелите во Авганистан што ги корстат борци на ИД, а кои беа цел на американското бомбардирање со „мајката на сите бомби“, се направени по налог на ЦИА.

„Тие муџахедински тунели што ги бомбардиравме во Авганистан? Ние сме ги платиле, објави Сноуден и прикажа исечок од Њујорк тајмс во кој се наведува дека тунелите во непристапен дел во Авганистан ги финансирала ЦИА за да се изгради комплекс за муџахедини за време на војната со СССР“.

Во текстот пишува дека во изградбата учествувала градежната фирма на таткото на Осама бин Ладен, подоцна лидер на Ал Каеда. Се споменува и дека Бин Ладен сам управувал со булдожер со кој се пробивани тунелите.

Американската армија врз тие тунели ја фрли најголемата ненуклеарна бомба направена некогаш, т.н. „мајка на сите бомби“. Нападот беше извршен во договор со властите во Авганистан и притоа загинаа 94 припадници на ИД.

поврзани објави

Последни објави