И покрај фактот што имаме загаден воздух во државата, како и апелите на МПЦ, граѓаните ширум државата запалија коледарски огнови и ја продолжија традицијата.
МПЦ во текот на изминатите денови апелираше дека овој потег воопшто не е верки, туку пагански, па наместо да се палат огнови, порача соберените дрвја да бидат подарени на сиромашните.
Сепак, граѓаните ја продолжија традицијата која се случува со години наназад, запалија оган, се дружеа со соседите, пиејќи греана ракија, чај или вино.