7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

По велигденскиот викенд, „За заедничка Македонија“ од утре продолжуваат со протести

Граѓаните кои ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“ од утре повторно продолжуваат со протести во главниот град Скопје но и низ другите градови на Република Македонија. Откако испразнуваа и одморија во изминатите денови, тие од утре повторно продолжуваат да протестираат, како што велат, се додека не ги исполнат нивните барања.

„Денеска со еден симпатичен перформан одбележуваме 50 дена на улиците на Македонија, оваа 50-ка е обоена во црвено-жолта боја. Јас би сакал да кажам дека од утре продолжуваме исто та ка како и досега се додека нашите барања не бидат исполнети, а ќе ги повторам уште еднашка иако сите добро ги знаме, да се повлече платформа која што е потпишана, направена, поддржана во странска држава и од странски премиер“, вели Дурловски.

поврзани објави

Последни објави