Вооружен маж уби три лица во Њујорк, Калифорнија, САД, по што и се предаде на полицијата.
Напаѓачот пред да отвори оган извикувал „Алах акбар“.
Убиецот е идентификуван. Тоа е 39-годишниот Кори Али Мухамед. Баран е за друго убиство, извршено во мотел минатата недела. Мажот е бездомник.
Има богато криминално досие – уапсен е за терористички закани, нелегално поседување оружје и дрога.
Се уште нема податоци за неговите врски со други групи. Од раководството на локалната исламска заедница изјавиле дека не знаат ништо за овој човек.