8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Рама: Вистината е дека Груевски ја прифатил платформата без услови

Премиерот на Албанија, Еди Рама, тврди дека Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ без ниту еден услов ја прифатиле платформата на албанските политички партии, за која уште еднаш појасни дека не е од Тирана, пренесува телевизија Алсат М. Рама вели дека причините зошто не бил постигнат договор за влада најдобро ги знае самиот Груевски, кој после неуспехот, почна со обвинувања кон платформата.

„Вистината е дека Груевски и неговата партија се согласиле за платформата без услови. Кога тоа не се реализирало, од причини кои Груевски ги знае многу добро, тогаш тој се нафрли на платформата која воопшто не е од Тирана. Не можете да поттикнете етнички конфликт поради власт. Тоа едноставно се прави за власт и нема врска со тоа што се пропагандира. Но, сè си има своја граница, затоа, доста е таа игра со Албанците и со таканаречената тиранска платформа, бидејќи не може да играте политички со удари кон истата заедница, притоа поттикнувајќи поделби и со другите заедници. Тоа е многу опасно. Јас сум многу загрижен за тоа“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија

поврзани објави

Последни објави