Специјализираното американско издание Ward’s Auto ја објави годишната листа на најквалитетните автомобилски ентериери. Во оваа година за прв пат во листата влегуваат истовремено седум брендови чии модели никогаш не го освоиле натпреварот.
Во овогодинешното издание на конкурсот силите ги измерија 31 возило. Експертите ги оценуваат моделите по следниве индикатори: естетика, комфор, безбедност, квалитет, информациско рекреативни системи и сеопфатна погодност за возачот.
Експерите оценуваат дека автомобилите кои доминирале претходно а тоа се луксузните марки Ауди, БМВ, Мерцедес – Бенз се покажале надвор од првата десетка, а нивното место го завземале други автомобилски компании.
Марките кои успеале да го повторат успехот од минатата година, се само производителите на Lexus, Honda, Mazda.
Специјалистите на Ward’s Auto највисоко го оценуваат ентериерот на седанот Alfa Romeo Giulia.